Јавниот обвинител на Париз Франсоа Молан го соопшти најновиот црн биланс од терористичките напади, 129 мртви и 352 ранети лица од кои најмалку 99 се во критична состојба. Во нападите загинаа и седум терористи.
Според информациите на француските медиуми, двајца од седумте терористи се идентивикувани како Исмаел М. и Абдулкакбак Б. Ако првиот и бил познат на полицијата за прекршоци од кривична природа, вториот не регистриран во полициската евиденција.
Весникот Волстрит журнал тврди дека еден од терористите кој делувал околу Стадионот на Франција во Сен Дени, најпрво се обидел да влезе во стадионот. При безбедносната контрола на влезот, еден од чуварите го открил појасот со експлозив што го носел на него. Во тој момент тој ја активирал бомбата. Според полицијата, неговата цел била да ја активира внатре во стадионот.
Полицијата е убедена дека исламистите што ги предизвикаа крвавите напади во Париз се професионални, многу координирани, постапувајќи со методи на командоси и неверојатна смиреност. Јасно кажано, профил на млади борци вратени од воените зони.