НАЈНОВА ВЕСТ: Убиен „мозокот“ на терористичкиот напад во Париз


Терористот за кој се смета дека е „мозокот“ на нападот во Париз е убиен.

Абделхамид Абауд, човекот за кој се верува дека стои зад терористичките напади во Париз, во кои загинаа најмалку 129 лица, убиен е во денешната операција во Сен Дени, јави Вашингтон Пост.terorist pariz isis

Според весникот, два високи разузнавачки офицери потврдиле дека познатиот милитант од Исламска држава е убиен за време на операцијата во париското предградие.

Две лица, за кои се верува дека се Абделхамид Абауд и Салах Абдеслам, загинале во станот во кој се криеле терористите откако жена-самоубиец го активираше експлозивот на нејзиниот појас.

– Во урнатините од станот во Сан Дени, каде француските сили денеска спроведоа антитерористичка операција, најверојатно се наоѓа тело на осомничен терорист, пренесе ТАСС, повикувајќи се на изјава на портпаролот на француското Министерство за надворешни работи.

Во акцијата што следуваше уапсени се пет лица, меѓу кои и една жена, а повредени се петмина полицајци.

Абауд е роден во Белгија и израснал во бриселската населба Моленбек, која се смета за легло на радикални исламисти.

Се чека идентификација

Вашингтон пост наведува дека Абауд го убила француската полиција во текот на големата операција, која започна уште во раните утрински часови во северниот дел од француската метропола.

Обвинителот Молен Ејт пак, изјави дека се уапсени вкупно осум лица и дека меѓу нив не се ни Абделхамид Абауд, ниту пак Салах Абдеслам.

-Истрагата е во тек како би ги идентификувале мртвите терористи и оние кои се уапсени, како и оние кои стојат зад нападот, било да се во Франција или Сирија, изјави Молен.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1