Дел од надвозникот познат под името „Моранди“ кој е дел од автопатот А10 во Џенова се сруши денес. Италијанската агенција ANSA пренесува дека од мостот паднале десетина автомобили, а официјалните лица истакнуваат дека има десетина мртви.
Досега е потврден смртта на 11 лица, а потрагата по преживеани е во тек.
-официјалните лица наведуваат дека среќна околност е тоа што соообраќајот во моментот на несреќата не бил густ. Лошата вест, пак, е дека мостот се урнал над индустриска зона што предизвикува страв дека можеби се оштетени цевките за гас, што може да предизвика нов сериозен проблем.
-шефот на локалната служба на Итната медицинска помош изјавил дека починале десетина лица. Официјални лица од противпожарната служба велат дека „веројатно има голем број жртви“, како и дека е можна „трагедија од огромни размери“.
-Потврдено е дека од урнатините спасени се две лица кои со хеликоптер се пренесени во болница.
Еден очевидец за телевизијата „Скај Италија“ изјавил дека видел околу десетина возила на мостот во моментот на рушењето, како и дека сцената била апокалиптична.
-Ројтерс пренесува дека министерот за сообраќај на Италија, Данило Тонинели предупредил дека најверојатно стамнува збор за „огромна трагедија“. На Фејсбук напишал дека 200 пожарникари и други херои се наоѓаат на лице место.