Најнови информации за состојбата со дождовите и поплавите во Македонија


Ситуацијата во Битола е во се уште неизвесна состојба, бидејќи дождот не престанува да врне. Сите јавни претпријатија на општините се ставени во функција на правење на насипи, информираат од ДЗС.

Со пробивање на патот се спаси село Новаци од поплавување, водостојот се уште се одржува на приближно исто ниво како и вчера. Багерите кои се вклучени активно се уште работат на терен. Денес со 15 пумпи се врши испумпување на водата и се припрема чамец со кој ке бидат префрлени работници од ЕВН за да пустат струја во с. Гнеотино.poplava pat2

Со наварнувањето на новиот снег кој е многу влажен повторно предизвика прекин во електричната енергија во општина  Пласница. Поради топење на снегот водостојот на реките во Македонски Брод се со благо покачување.

Водотеците на реките на територијата на општините Штип и Карбинци полека се нормализираат. Поради поплавување на бунарите за пиење вода, водата во општина Штип се уште не е за пиење.

Во Ново Село р. Брегалница е во рамките на своето течение и нема поплавување на куќи. Градежните машини се сеуште активни во санирањето на речните корита.

Реките во општините Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево се во опаѓање освен р. Брегалница кое е на повисоко ниво но без опасност од излевање. Водата се уште не е за пиење. Мостот на р. Брегалница на потегот Кочани Зрновци е забранет за користење на мот. Возила и за пешаци. Патот с. Прибачево од страна на Оризари е во прекин.

Општина Зрновци комплетно е отсечена од Кочани, а градежната механизација која е ангажирана од ДЗС се уште е активна.

Реките во општина Пробиштип се во опаѓање во моментот се врши подготовка за транспорт на градежната механизација во с.Трипатанци за санирање на насипот од левата и десната страна на Злетовска река. Свлечиштето на регионалниот пат Киселица – Злетово е сеуште активно и сообраќајот е во целосен прекин каде е јавено свлечиштето.

Во реонот на општина Кичево денес е вклучена 1 градежна машина за расчистување на наврнатиот снег на правците према с. Јудово, Лавчани, Кнежино и манастирот Св. Пречиста.

Водостојот на територијата на општина Расдовиш е во благо опаѓање освен на Крива Лакавица и на Радовишка река во подрачјето на селата Јаргулица, Покрајчево и Злеово се со висок водостој.Ангажирани се 2 градежни машини.

Во текот на денешниот ден две градежни машини работат на средување на речното корито на р. Бањешница која поминува во населбата Бањешница и поради стеснување на речното корито водата е излеана и поплавена е населбата.

Водите во општина Струмица се намалуваат денес, со 17 машини денес ќе се средуваат сите насипи.

Реката Црна е зголемена и секој момент се очекува излевање на реката.

Ова се најновите информации, а од ДЗС најавија дека повторно известување ќе има во 16 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1