Најново откритие: Околу Земјата лебдат чудовишни плазма-цевки! (ВИДЕО)


Студентка, успеа да го докаже она што научниците не успеаа да го докажат цели 60 години.

Австралиските научници откриле огромни, до сега невидливи, кластери од плазма со цевчест облик, кои се движат околу Земјата, сознание кое првично било прифатено со огромна доза на резерва.

Веќе долго време постоеле сомнежи за постоењето на плазма-цевки, меѓутоа, дури сега студентката на Универзитетот во Сиднеј, Клео Лои, успеала и да докаже дека овој феномен навистина постои.

cudov-630x473

Користејќи посебен телескоп за 3D надгледување на вселената, Лои докажала дека Земјината атмосфера е прекриена со мрежи од оваа необично структуирана плазма. Комплексните повеќеслојни канали се креирани од страна на атмосферата која е јонизирана од сончевите зраци.

– Веќе 60 години научниците се обидуваат да го докажат постоењето на овие плазма-структури, но сега за прв пат имаме и визуелен доказ за нивното постоење. Ги надгледувавме на 600 километри над Земјината површина, изјавила Лои. Тоа е височина на која завршува неутралната атмосфера.

– Видовме впечатлив примерок на небото, односно линии од плазма со висока густина наизменично со такви со пониска густина. Сето тоа беше прекрасно усогласено со магнетното поле на Земјата, изјавила Лои за News.com.au.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1