Најопасната дрога на светот „крокодил“ се појави на Балканот


Моментално најопасната дрога на светот која е наречена „крокодил“ неофицијално се појавила пред неколку месеци на црниот пазар во Сплит, јавува Слободна Далмација.

257389_krokodil_f

-Еден од магазините во кој може да се набават вакви супстанции го има и во центарот на Сплит. Оваа дизајнерка дрога е многу опасна, не може да се следи или да се чува под надзор бидејќи има различен состав. Само во 2014 година во Хрватска се откриени нови 18 видови на дрога, посочил епидемиологот Бранка Јуревиќ Зидар.

Дрогата „крокодил“ е позната и како ефтина замена за хероинот. “Крокодил” е дрога од “домашните работилници” која се добива со мешање на кодеин и бензин, три пати е поевтина од хероинот, но има слично дејство.  Оваа запаллива супстанца целосно ги уништува кожата, коските и месото.

droga-najopasna-krokodil-zelena-03-630x420

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1