Помина повеќе од една година откако Хајат Боумедиен, 28-годишна сопруга на еден од напаѓачите на редакцијата на Шарли Ебдо, е во бегство, а која инаку важи за една од најбараните француски терористки.
Често ја нарекуваат и најбараната терористка на планетата и денес единственото нешто кое се знае за неа е дека еден ден после масакрот во Париз, на граничниот премин Тел Абјад од Турција преминала на територијата на Сирија која ја контролира ИСИС…
Потерницата која за неа ја издаде француската полиција ја опишува како „крајно опасна“, а за тоа има и добри причини. Наводно, таа е врвно истренирана во користење на огнено оружје, што е многу лоша комбинација со такви политички ставови според кои, кратко време по заминувањето во Сирија, позирала во едно од најистакнатите пропагандни видеа на ИСИС.
Родена како едно од седум деца во семејство со алжирски корени, нејзиниот живот се распаднал во 1994 година кога нејзината мајка починала кога Боумедиен имала само шест години. Таа лутала од едно до друго згрижувачко семејство и никаде не успеала да се задржи премногу поради нејзиното агресивно однесување.
И така сè до 21 година, кога го запознала Амеди Колибали, момче кое од млад ситен деликвент се претворил во радикален исламист во затворот во кој запознал еден од луѓето на Ал Каеда за регрутирање токму на такви млади луѓе.
Хајат Боумедиен се променила преку ноќ. Дури ја изгубила работата на каса во една продавница затоа што инсистирала на тоа секогаш да носи никаб од глава до пети. Полицијата ги следела со нејзиниот сопруг.
Им било јасно дека младата двојка се вплеткала во мрежата на терористи на Ал Каеда кои сè повеќе ги радикализирале. И така, сè до декември 2014 година кога наеднаш им се изгубила трагата. Потоа се покажало дека, додека таа од Мадрид патувала за Турција за да стигне до Сирија, нејзиниот сопруг и двајцата браќа Куачи одеднаш се појавиле во и измеѓу 7 и 9 јануари 2015 правеле хаос.
Шериф и Саид Куачи упаднале во редакцијата на Шарли Ебдо каде што убиле двајца полицајци, осум уредници и новинари и уште две личности, пред да побегнат. Причината за нападот била таа што сатиричниот весник жестоко ја исмејувал Исламската држава на која дружината од тројца мажи ѝ се заколнале на верност.
Истиот ден, Кулибали застрерал и ранил еден џогер, а следниот ден убил еден полицаец на задача. Без причина, исклучиво за создавање на хаос. Конечно, на 9 јануари тој влегол во една продавница во која ги заложил сите кои биле таму, убивајќи уште четворица, за на крајот да го убијат полициските специјалци кои дошле таму.
Браќата за тоа време настрадале во зградата на една компанија во која исто така упаднале и држеле заложници додека кризата не ја решиле специјалци. Тие убиле вкупно 17 луѓе за три дена, а жената која ги следела за време на сите подготовки и тренирала заедно со нив, веќе една година е во ИСИС.