Тие двајца дадоа сè од себе за да не бидат заедно, но сепак не успеаа!


Британските таблоиди често принцот од Велс го опишуваат како вистински православец во својата душа. Тој е потомок на грчкиот крал. Неговиот татко, принцот Филип, имал православна вера сè до венчавката со кралицата Елизабета Втора, кога преминал во англиканската вера. Принцот Филип исклучително многу се трудел за своите машки потомци да ги воспитува во духот на православјето. charles-i-kamila-ljubovna-prikazna-03

Малку кој знае дека Чарлс после погребот на принцезата Дијана се повлекол на Света Гора, во келија во манастирот “Ватопед”. Игуманот бил негов исклучително добар пријател. Освен тоа, неговата баба, мајката на принцот Филип, се замонашила во поодминати години и починала како монахиња во Ерусалим. Значи, тој е исклучително врзан за православјето. На неговата венчавка со војвотката од Корнвол, Камила Паркер Бојл, дел од од молитвата во црквата “Сент Џорџ” во Виндзор била извршена на црквенословенски. А после тоа британскиот печат го постави прашањето дали принцот Чарлс со самото тоа преминал во православната вера?!

Вистината за љубовта на принцот

Принцот Чарлс (67) ја сака Камила (68) целиот свој живот. Тие се запознале во 1970-та година. Една теорија вели дека нив двајца ги поврзал заеднички пријател, а друга пак дека се зближиле на аристократските коњички активности. Но, во тоа време нивниот брак бил невозможен. Камила немала доволно висок род за да му биде сопруга на идниот британски крал, т.е. кралица мајка, што за неа би било прва титула, кога би била негова прва сопруга.duchessprincess_468x445

И двајцата биле сосема свесни за тој факт. Таа се омажила за армискиот офицер Ендру Паркер Болс, и со тоа испратила порака дека не е заинтересирана за круна. Од друга страна пак, принцот Чарлс бил во потрага по жена. Вистина, Камила активно учествувала во таа потрага бидејќи тие двајца биле и најдобри пријатели. И секогаш кога принцот од Велс одел на состанок со потенцијалните кандидатки, на крајот завршувал кај Камила и тогаш тие двајца ги разгледувале заеднички впечатоците.

Ваквите љубовни приказни се навистина ретки, и покрај тоа што тие двајца искрено се обидувале да не бидат заедно. Нивната љубов најдобро илустрира колку се променила британската монархија. На крајот, за да добие благослов во црква, и за тој брак да го прифати народот, тие морале на пренос во живо да клекнат и да изговорат покајничка молитва за прељубници од средниот век.

Креатор на органската храна

Принцот Чарлс е и страствен земјоделец. Луѓето денес речиси и да не се свесни дека токму тој го измислил она што денес го сметаме дека претставува органска храна. Тоа би требало да ги потсети луѓето дека британското племенство е земјопоседничко. Тие со векови наназад обработуваат земја, а тоа е случај и со кралицата Елизабета Втора и со принцот од Велс.prince-charlesf

Тој е првиот на светот којшто започнал да го чисти земјиштето на вистинскиот начин, а денес со помош на бројни истражувања стигнал до таму што одредени билки ги сади во точно одредени делови од денот или во рамките со месечевите мени.

Доста внимание тој му посветува и на изучувањето на тоа како да се одгледува природна храна.

А кога камерите ќе се изгасат…

Принцот Чарлс исклучитено добро слика акварел, ја сака архитектурата и ги сака книгите. Камила пак споделува голем дел од неговите интереси. Оние коишто ја познаваат малку подобро, велат дека таа е лојална и духовита личност. Таа ја обожува природата и најсреќна е кога е во штала и ги тимари коњите. Со принцовите Вилијам и Хари има коректен однос.carls dijana

Сите се жртви на принцезата Дијана?

Печатот беше крајно неправеден кон принцот Чарлс, додека принцезата Дијана беше медиумски воздигнувана. Таа е потомство на Спенсерови, старо англиско племенство, додека кралската куќа е врзана за династија која во Првата светска војна го променила името во Виндзор. Така што принцезата Дијана во срцето на Англичаните беше нивна автохтона принцеза. На неа ѝ го простија неверството, додека принцот беше постојано осудуван. А неретко таа знаеше да ги земе децата во прегратка токму кога фотографите беа во близина и знаеше да манипулира со таблоидите…

Tocka.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1