Една од најпознатите светски компании за производство на цвеќе од Холандија ќе инвестира во Струмица. Таа веќе ја купила парцелата од 43 илјади квадратни метри во индустриската зона, во непосредна близина на откупно-дистрибутивниот центар на хрватскиот „Агрокор“.
Според градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, изградбата се очекува да почне во септември, а Холанѓани ја избрале оваа локација поради поволните услови за инвестирање во Струмица откако разгледале 17 такви локации во други седум земји.
„Инвестицијата подразбира изградба на објект меѓу 10.000 и 11.000 квадрати кој ќе биде производствен погон, а ќе бидат отворени околу 250 нови работни места“, рече Заев.