Најпозната Холандска фирма инвестира во Струмица – ќе произведува цвеќе во Македонија


cvekje

Една од најпознатите светски компании за производство на цвеќе од Холандија ќе инвестира во Струмица. Таа веќе ја купила парцелата од 43 илјади квадратни метри во индустриската зона, во непосредна близина на откупно-дистрибутивниот центар на хрватскиот „Агрокор“.

Според градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, изградбата се очекува да почне во септември, а Холанѓани ја избрале оваа локација поради поволните услови за инвестирање во Струмица откако разгледале 17 такви локации во други седум земји.

„Инвестицијата подразбира изградба на објект меѓу 10.000 и 11.000 квадрати кој ќе биде производствен погон, а ќе бидат отворени околу 250 нови работни места“, рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1