Најпознатиот балкански џихадист, Лавдрим Мухaџери е убиен за време на борбите со курдските сили во Кобане, јави новинарката на британски Сандеј тајмс, Хала Џабер.
Оваа информација ја потврдиле и полициските и меѓународни извори, истата пренесена од медиумите во Приштина.
Абу Абдула Косово, како што гласи военото име на Мухaџери, е убиен во неделата за време на жестоките борби на курдските борци и единиците на Исламската држава во Кобане.
Курдските извори, претходно во два наврата тврдеа дека Муџахери бил убиен, но тие информации се покажаа како невистините.
Мухaџери го сврте вниманието на јавноста откако јавно обезглави сириско момче и ја постави фотографијата на социјалните мрежи.