Најсилните земјотреси во 2016 година?


Скоро секој месец во различни делови на светот имаше потреси, кои уништија домови и однесоа жртви.

Во месец август имаше уште еден силен земјотрес. Во јужниот дел на Перу на 16 август земјотрес со интензитет од 5,2 уби 9 лица и рани над 52. Четири месеци порано на 17 април земјотрес со интензитет од 7,8 степени по Рихтер во Еквадор зеде над 602 животи, рани над 12 500 луѓе.italija-zemjotres1

Неколку дена пред земјотресот во Еквадор во префектурата Кумамото, Јапонија, потрес со интензитет од 6,4 степени однесе 9 жртви и повреди над 900 луѓе на 14 април.

Во месец февруари земјотрес со интензитет од 5,2 степени ја погоди Грција.

Во Тајван на 5 февруари во земјотрес од 6,4 степени по Рихтер, имаше 14 жртви и над 500 повредени. Истиот ден земјотрес со интензитет од 5,5 степени се случи во Непал, при што најмалку 25 лица беа повредени.

Уште во првиот месец од годината исто така, имаше два тешки земјотреси.

Едниот беше регистриран на 25 јануари крај бреговите на Шпанија со интензитет од 6,2 степени. Другиот силен земјотрес беше на 4 јануари во Индија – со интензитет од 6,7 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1