Најсиромашните нема да плаќаат радиодифузна такса


Трајно се укинува радиодифузната такса за најсиромашните категории граѓани – приматели на социјална и на постојана парична помош.

mtv zgrada2Освен ова, Владата одлучила на социјалците и на семејствата со приходи под 168 илјади денари годишно, Агенцијата за катастар за недвижности треба бесплатно да им изработи елаборат за легализација на дивоградбите. Овие мерки ќе опфатат околу 40 илјади граѓани.

Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека овие мерки не се дискиминаторски.

За лицата со инвалидитет, сите градби кои ќе се градат ќе треба да бидат проектирани и изградени со посебно место за непречено движење на лицата со инвалидност. Секоја градба за станбено домување која има најмалку 10 стана треба да биде приспособена за пристап и движење на лицата со попреченост, како и еден на 10 станови да биде прилагоден за живеење на лица со попреченост и инвалидност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1