Што треба да има куќа за да чини 70 милиони долари?
Токму, толку чини вилата на Беверли Хилс со површина 2.136 квадратни метри, што ја прави најскапа куќа во оваа монденска населба.
Вилата има осум спални соби, 15 бањи, кино со 18 седишта, фонтана што може да се контролира преку на АјПад, водка и текила барови и „соба за слатаки“.
Куќата од неодамна му припаѓа на создавачот на играта „Мајнкрафт“, Маркус Персон, а за неа биле заинтересирани дури и Бијонсе и Џеј Зи. Сепак, шведскиот програмер понудил најмногу.
Продавачите на почетокот за новиот дом на Персон му барале 85 милиони долари.