Најскапиот развод во историјата: Бившата жена му зема 2.68 билиони долари!


Дмитриј Риболовјев, руски милијардер, бизнисмен, инвеститор и сопственик на фудбалскиот клуб АС Монако на својата поранешна сопруга Елени ќе треба да и исплати 4,020,555,987 швајцарски франци, што нивниот развод го прави најскапиот расвод во историјата!

razvod skapПостапката за развод траеа цели шест години, а во склоп на нагодувањето на поранешната сопруга и припаднале и двете највредни имоти купени во САД – палатата во Палм Бич и станот во Њујорк.

Но тоа не е се, на Елени и припаднал и грчкиот остров Скорпиос, некогаш во сопственост на Аристотел Оназис, куќата во најлуксузното соседство во Женева во која живееле додека се уште биле во брак и имотот во близина на ски-центарот Гштад.

Парот бил во брак 23 години. Елена Риболовјева го добила и старателството над малата ќерка Ана.

najskapiot-razvod

Постарата Екатерина е полнолетна, а судот при одлучувањето му помогнала и нејзината изјава дека не може веќе да остане рамнодушна на неговите неверства и постојаните забави на јахтите каде Дмитриј и неговите пријатели, исто така руски богаташи, меѓусебно делат млади девојки.

Пресудата значи дека сопственикот на фудбалскиот клуб Монако ќе изгуби речиси половина од својот имот. Риболовјев, познат како “крал на ѓубривата” богатството го заработил со производство на калиум карбонат, кој се користи за ѓубриво.

Рекордери на бракораводна постапка до сега биле Алек Вилденстеин и неговата сопруга (1.5 билиони долари), а во чекор ги следат и Руперт Мурдох и поранепната сопруга Ана (1 билион долари).

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1