Група млади вљубеници во адреналинските спортови смисли нова забава не само за нив, туку и за оние кои ќе ги гледаат нивните храбри авантури.
Видеото кое е снимено на падините на Кањонот Клиф во американската држава Ајдахо, за само два дена го погледнале речиси два милиони луѓе.
Освен што на оваа импровизирана лулашка се нишаа тие – ги тераа и своите девојки.
Оваа девојка одбиваше а на крајот момчето само ја турна. додека леташе се слушаше вриштење и зборовите ,,ти раскинувааааммм,, на што момчето само се смееше.
Видеото е околу 4 минути, а снимано е од хеликоптер како би се снимило од повеќе агли.