Најстрого чувана тајна: Супербактерија убива во Србија – Се шири во болниците


Во Србија се забележани смртни случаи поради супербактерија, која е отпорна дури и на најсилните антибиотици.

Flickr-Zdenko-Zivkovic-660x440За да биде уште полошо, како што велат светските експерти, Србија е означена и како расадник за оваа исклучително опасна бактерија, дознава српскиот весник Блиц.

Се работи за нов ген помеѓу бактериите, кој се пренесува исклучиво во болниците, а заболените најчесто умираат од воспаление на белите дробови и инфекција на уринарниот тракт.

Меѓутоа, научниците предупредуваат дека оваа бактерија е пронајдена кај пациенти од САД, Велика Британија, Австралија, Канада и Холандија, при што сите тие пациенти патувале во Србија или во Канада поради некои хируршки интервенции.

Се работи за нов ген, наречен Њу Делхи метало-бета-лактамаза, или НДМ-1, кој се наоѓа во бактериите отпорни на речиси сите постоечки антибиотици. Не се работи само за ширење на една бактерија, туку за ширење на отпорност меѓу бактериите и на нив не делуваат ни карбапенемите, кои се најсилни и најдокажани антибиотици за многу инфекции.

SUPER BAKTERIJA
416160_dr-branko-jovicic241213ras-foto-dusan-milenkovic-0056_f„Денес смртноста на пациентите инфицирани од бактериите кои носат НСМ-1 е дури до 50 посто. Меѓутоа, се’ зависи од староста на пациентите, имунитетот, но и од квалитетот на медицинските услови во државата каде пациентот се наоѓа. Токму заради тоа, но и поради брзото глобално ширење, супербактеријата е опасна по здравјето на луѓето“ – објаснува д-р Бранко Јовчиќ.

Според него, Србија дошла до оваа ситуација поради злоупотреба на антибиотиците, што подразбира честа и нерационална употреба на овие лекови без надзор, а резултат на сето тоа е се’ поголема отпорност на бактериите. Исто така, болничките средини се полни со антибиотици, а бактериите кои таму живеат морале да стекнат отпорност и затоа е многу полошо кога човек добива бактерија во болница отколку дома.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1