Венчавките најчесто предизвикуваат бура од емоции кај младенците и нивните најблиски, па тешко е да се замисли како им било на Челзи и Џеф Кимел кои стапиле во брак во болницата во Колумбус Охајо, поради нивниот тешко болен син.
Судбоносното „ДА“ тие го кажале додека крај нив бил 2-годишниот Логан кој ги живее своите последни денови со тумор на мозокот во напредна фаза.
Фотографијата која ја објавила болницата каде тој лежи, многу брзо почнала да се шири на социјалните мрежи каде корисниците искажуваат жалење и поддршка за ова семејство кое минува тешки мигови.
– Ги сликав додека одеа низ ходникот кон собата на Логан. Глетката беше неподносливо тажна, но сепак говори за храброст, љубов и способност да се пронајде среќа и во апсолутно најтешките мигови во животот, изјавила мајката на невестата чие внуче околу една година се бори со тешката болест.
Сите се надевале дека малиот Логан ќе успее, но на крајот на минатата година неговата состојба драстично се влошила. Иако неговите родители планирале венчавка за 2018 година, решила тоа да го направат што поскоро за синот да биде дел од церемонијата.