Снимката на која се гледа татко како на својот син кој умира во инкубатор му пее песна од Битлси го расплака целиот свет.
Тажната судбина на Крис Пико го привлече вниманието на медиумите, откако пред неколку дена, почина неговата 30 годишна жена Ешли, која имаше итен царски рез. Веднаш потоа почна борбата за неговиот син Леон.
Крис основаше фонд преку кој успеа да собере 60.000 долари за да ги плати трошоците за лечењето на својот син, но веднаш стигна уште една тажна вест.
“Драги пријатели, роднини и оние кои ме поддржувате, со голема болка сакам да ве информирам дека мојот мал борец Џејмс Пико, во прегратките на својот татко замина замина вечно да спие“ напиша Крис во соопштението и додаде
„Беше облечен во облеката која му ја купи мајка му, а на која беа нацртани мали гитари и беше замотан со ќебето на еден драг пријтел. Благодарен сум за овие 4 незаборани денови кои имав можност да ги поминам со него“
Крис наведе и дека неговата мајка ќе биде среќна што ќе може на небото да го види и да го држи, да го искапе, да му пее, баш како што правев јас во претходните колку денови.
„Се што ви е потребно е љубов“ – напиша тој на крајот.