Најтажната приказна: Се омажила за љубовта на животот 12 часа пред да почине


Ова е една од најтажните приказни за љубовта и смртта, која ретко се гледа на филмското платно, а не пак во вистинскиот живот. Животот пишува драми, а ракот на јазикот е ретка, но смртоносна болест.

Една млада мајка која подолго време се борела со рак на јазикот, починала 12 часа откако се омажила за љубовта на нејзиниот живот.

Emma-Gilhespy-main

 

Ема Гилеспи, го склопила брачниот завет со Мајкл, во Ланкастер, на 20-ти ноември годинава во 11 часот наутро, а за жал, неполни 12 часа подоцна, таа починала и тоа на еден месец пред нејзиниот 29-ти роденден.

Нејзиното семејство сега се обидува да ја подигне свеста околу ракот на јазикот, тешката болест која ја однесе нивната Ема, а најтажен е најверојатно нејзиниот пет годишен син, кој остана без мајка.

Таа минатиот декември за прв пат забележала дека нешто не е во ред, кога го открила чирот на нејзиниот јазик, кој не поминува.

– Не очекувавме дека во прашање е нешто сериозно, кога отиде по резултатите од биопсијата, а испадна дека е рак на јазикот, рекла низ солзи нејзината мајка Деби.

Emma Gilhespy

28 годишната жена, одлучила да се бори против оваа тешка болест и била на две операции, а и бил отсечен и дел од јазикот.

Но, и покрај интензивната радиотерапија, семејството добило поразителни вести во јули годинава, кога дознале дека нејзината болест е неизлечива.

– Радио терапијата даде резултати и ракот брзо исчезна, но, по четири недели, кожата на вратот почна да и отекува. По неопходната дренажа состојбата се подобри, но подоцна ракот се прошири на црниот дроб, плуќата и вратот, вели нејзината мајка.

PAY-Emma-Gilhespy

Семејството било шокирано од тоа за колку брзо време болеста напреднала и ја совладала нивната Ејми, а по само две сеанси хемотерапија, лекарите се откажале од третманот бидејќи не дејствувал.

Кога во ноември дознале дека можеби нема да преживее повеќе од 24 часа, таа и вереникот веднаш закажале венчавка.

– Не можевме да веруваме што се случува и ја преместивме венчавката од 28 на 20-ти ноември. И купив венчаница, но не сакаше да ја облече. И ја облековме за погребот, вели расплаканата мајка.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1