Двинвев Дејвис (30) била пресреќна кога дознала дека носи близнаци, но таа на свет донела само едно здраво девојченце. Била принудена да ја донесе најтешката одлука во животот и да дозволи едното бебе да умре за на другото да му даде шанса за живот.
Дејвис била сопственичка на детска градинка. Додека била бремена едно од децата во градинката добило инфективен еритем, вирус кој се појавува кај децата и не е опасен за возрасните. Таа не очекувала дека тоа ќе биде проблем за нејзините неродени деца. Меѓутоа, не знаела колку овој вирус може да биде опасен за плодот во развој, и таа незнаејќи му го пренела на едно од неродените девојчиња.
Околу 60 отсто од возрасните се имуни на овој вирус, а дури иако мајката го пренесе на детето ова заболување, постојат само пет проценти можност да дојде до кобен исход. Докторите ја тестирале Двинвев и сфатиле дека таа не е имуна. Меѓутоа, во тој момент не можеле да сторат ништо повеќе, бидејќи вакцината генерално се дава пред бременоста, а не откако плодот е веќе зачнат.
До ова акутно заболување доведува паровирусот Б19, кој може да предизвика силна анемија кај бебето во матката. Дејвис се молела вирусот да не премине на бебињата, но во 17-та недела со скенер било утврдено дека едното од нив заболело. Вирусот доведува до отоци кај бебето, тоа се полни со течност и на крајот може и да се удави во матката.
„Тогаш пред мене беа ставени две сценарија. Или моето бебе ќе се бори против инфекцијата или ќе продолжи да се полни со течност додека срцето не и запре. Сознанието дека детето буквално се дави во мојата утроба беше поразително. Се чувствував беспомошно бидејќи никако не можев да му помогнам. Само се молев и двете да преживеат“, вели мајката.
Во 24 недела инфицираното бебе било исклучително критично. Тогаш лекарите и предложиле трансфузија на крв, но бидејќи носела близнаци, оваа процедура била прилично ризична. Таа не сакала да го изгуби и другото девојче, па решила да ја одбие терапијата.
Во 28-та недела на мајката и било кажано дека срцето на инфицираното бебе повеќе не чука. Сепак, таа морала да ги носи и двете во следните 7 недели.
Трансфузијата на крв можеби би можела да го спаси болното бебенце, но исто така можеби и ќе направела проблем за другата близначка. Па така оваа мајка морала да ја донесе најтешката одлука во свет. Двинвев решила без никаков третман да ја изоди бременоста до крај. Сепак, на крај таа ја родила здравата Кеди и мртвородената Марта.
„Родив две бебиња, но само едното си замина со мене дома. Ги држев Кеди во едната и Марта во другата рака. Беше ужасно тешко да се гледа бебето кое нема иднина. Пресреќна сум што ја имам Кеди, но тоа не ми ја намалува болката заради загубата на другото дете.
Би сакала да знаев какви опасности носи инфективниот еритем – вели мајката на сега петмесечната Кеди, додавајќи дека се надева оти другите родители ќе разберат за нејзината приказна и дека тоа ќе ја подигне свеста за ужасните последици кои може да го донесе овој вирус.