Кој е Владимир Путин? Веќе 16 години одговорот на тоа прашање го бараат политичарите, новинарите, политиколозите и многу други. Ни понудил бројни изјави, прилози, списанија, книги и документарни филмови.
Прв пат на тоа прашање јавно одговори поранешниот америкаснки претседател Џорџ Буш, на првиот самит со Путин на 16.јуни 2001 година.
– Му погледнав на тој човек во очите, видов дека е исправен и дека може да му се верува, ја почуствував неговата душа, изјави тогаш на конференцијата за медиумите.
Поради што луѓето му веруваат на Путин? Па и странските лидери, меѓу нив и оној кој е претседател на САД . Овде станува збор за особините кои го поддржуваат и му веруваат огромна маса од 140 милиони луѓе.
Во едно од бројните докумнетарци за неговото појавување се изјавува извесна Оксана, кои тоа го кажуваат анкетираните на улица во неколку руски градови:
– На Путин му верувам бидејќи е чесен и принципелен, бидејќи е човек. Тоа што Владмир Путин го дефинира како човек е верата. Имено, тој е многу религиозен. На верата и се обраќа и во тешките моменти, приватни или национални. Нoрмално, таков не беше во времето кога служеше во KGB, а верата му се врати во деведесетите. Му се врати бидејќи е крстен и одгледан во вера.
И неговите соработници кажуваа каков човек е претседателот на Русија, еве кога му било најтешко на Путин.
– Кога беше трагедијата во Беслан во 2004 година во која загинаа 314 лица меѓу кои 186 беа деца. На веста за крвопролевањето многу се вознемири, потоа и се расплака, долго време го смируваа, а во текот на ноќта веднаш отпатува на местоoт, наврати до црква и запали свеќи за загинатиtе.
Истото се случи и оваа година кога падна рускиот авион во кој загинаа 214 лица и тогаш претседателот беше видно вознемирен од трагедијата.