Најважните настани во науката во 2103


Прегледот на годината не би бил фер да се почне со акцент на една, две или неколку работи или настани, кои научно ја одбележаа оваа година. Такви имаше многу, а на нас падна тешка задача да ги одбереме нај интересните. Се надеваме дека во тоа барем делумно сме успеале.

Прегледот на научната 2013 година го направивме хронолошки, за полесно снаоѓање:

ЈАНУАРИ

cern3. Јануари – научниците го анализираа метеоритот NWA 7034, кој е најден во пустината Сахара и купен во Мароко во 2011 година, па известуваа дека всушност се работи за камен од Марс со необично голема концентрација на вода.
7. Јануари – Астрономите од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсониан известуваа дека во нашата галаксија Млечниот пат, се наоѓаат околу 17 милијарди егзопланети слични на Земјата.
9. Јануари – Британски и канадски истражувачи направија таблет компјутер тенок како хартија и исто толку флексибилен.
25. Јануари – Меѓународен тим на научници истражувачи направија функционална станица за влеча на база на светлината, која овозможува движење на станиците по желба.
28. Јануари – Американски истражувачи во медицината развија безболна полимерска вештачка закрпа за кожа, која може да послужи за вбризгување на ДНК инекција безс употреба на класична игла, а истовремено ја засилува ефективноста на таа инекција. Иран успешно лансираше мајмун во вселената и животното безбедно се врати на Земјата.
31. Јануари – Европската вселенска агенција во соработка со повеќе архитектонски компании дизајнира и тестира 3Д испечатени материјали, кои можат да се изградат од материјали на Месечината и таму да послужат како база.

ФЕВРУАРИ
4. Февруари – Австралиски инжинери направија квантен микроскоп кој нуди ниво на прецизност без преседан во мерењата на биолошките состави.
6. Февруари – Американски и јапонски инжинери приозведоа оброци за јадење со помош на 3Д печатар со разни вкусови и текстура. Тие оброци во иднина можат да ги заменат класичните оброци кои ги користат астронаутите во вселената.
Научниците откриваат живи бактерии во езерот Виланс длабоко под мразот на Антарктикот.
15. Февруари – Метеорит со тежина од 10 тони експлодираше над градот Чељабинск во Русија, предизвикувајќи силен воздушен удар, кој повреди над 1.000 луѓе.
Астероидот 2012 DA14 кој имаше маса 130.000 тони помина само на 27.000 километри над површината на Земјата. Тоа е и најблизок прелет на астероид над Земјата некогаш забележан.
22. Февруари – Податоците собрани од сибирските замрзнати пештери откриваат дека континуираното глобално затоплување може да доведе до широко топење на појасот на перфмафростот и на тој начин да ослободи огромна количина на јаглен диоксид и метан во Земјината атмосфера.
27. Февруари – Астрономите го користат сателитот НуСтар за прецизно да ја измерат брзината на свртувањето на супермасивната црна дупка за прв пат, а откриваат дека нејзината површина ротира со брзина нешто помала од брзината на светлината.
28. Февруари – Откриен е трет радијациски појас околу Земјата.

МАРТ
11. Март – Астрономите откриваат бинарен ѕвездеб систем на смеѓи џуџиња WISE 1049-5319 на оддалеченост од само 6,5 светлосни години од Земјата. Тоа е наш најблизок ѕвезден систем.
14. Март – ЦЕРН со висок степен на сигурност потврдува дека во јули 2012 година навистина е откриен Хигсовиот бозон.
19. Март – Швајцарски научници развија медицински скенер, кој може да се вгради под кожата и да ја следи крвната слика и притисокот, а резултатите да ги испрати во реално време на смартфон уреди. Истакнуваат дека системот ќе биде подготвен за комерцијална употреба до 2017 година.
21. Март – Научниците развиваат генетски направени т-лимфоцити кои се покажаа успешни во лечењето на акутна имфобластична леукемија.

АПРИЛ
10. Април – Научниците развиваат прв објективен метод за мерење на болка, со директно гледање на мозокот на пациентот.
17. Април – Научниците развиваат нова литиум-јонска батерија, која е неколку илјади пати посилна од моменталната технологија на батерии и која се полни многу побрзо. Батеријата се изработува со помош на компактен 3Д дизајн, испреплетувајќи ги електродите за да се максимизира искористеноста на површината, а од друга страна го намалува нејзиниот волумен.
21. Април – Компанијата Орбитал Сајенс Корпорејшен за прв пат ја лансира ракетата Антарес. Лансирањето помина успешно на 29 Април. Леталото на НАСА Касини фотографира масивен ураган на планетата Сатурн, над 20 пати поголем од земјин ураган.

МАЈ
1. Мај – ИБМ објавува најмал анимиран филм на светот наречен Детето и неговиот атом. Филмот е снимен користејќи само молекули на јаглен моноксид.
6. Мај – Американски научници успешно претвораат клетки на кожа во коскени клетки, користејќи метод на индуцирана плурипотенција.
10. Мај – Годишно затемнување на Сонцето.
Концентрацијата на јаглен-диоксид во Земјината атмосфера достигнува симболично ниво надминувајќи 400 милионити делови за прв пат откако човекот се појавил на Земјата.
16. Мај – Во напуштен канадски рудник најдена е вода стара неверојатни 2,6 милијарди години. Тоа е најстара вода најдена на Земјата и не е здрава за пиење. Научниците откриваат дека благите електрични шокови предизвикуваат долгорочно подобрување на математичките способности кај човекот.
Поставен е нов светски рекорд во пренос на податоци по безжичен пат, со брзина од 40 гигабајти во секунда на фреквенција од 240 гигахерци и на оддалеченост од 1 километар.
30. Мај – Биомедицинки истражувач од Единбург успешно синтетизира човечка крв од матични клетки.
31. Мај – Научниците наоѓаат парчиња метеорит во староегипетски накит кој датира од периодот од 3.300 години пред новата ера.

ЈУНИ
13. Јуни – Американскиот врховен суд донесува пресуда со која се забранува патентирање на гени кои се појавуваат по природен пат.
17. Јуни – ТОП 500 известува дека кинескиот супер компјутер Тианхе2 е најсилен во светот и способен е да изведе 33 квадрилиони операции во една секунда.
Производителот на оружје МБДА од Германија развива високо енергетски ласер, кој може да уништи ракети, проектили и авиони во лет.
20. Јуни – Со додавање на сребро во антибиотици, ги прави 10 до 1.000 пати поефективни во борба против инфекции, покажа една научна студија.
24. Јуни – Откриен е 10.000 објект кој се наоѓа во близина на Земјата. Го открија астромони од Универзитетот во Хаваи.

ЈУЛИ
3. Јули – Јапонски научници произведоа функционална слезина од матични клетки и успешно ја трансплантираа во глувци.
6. Јули – Научници известуваат дека во езерото Восток длабоко под слојот на Антарктикот постои богат микробски живот, а примероци од ДНК земале од 3.000 ситни организми, а примероците се земени од наведеното езеро.
10. Јули – Беспилотното летало Х-47 Б од компанијата Нортхроп Груман станува прва во светот која изведува успешно слетување на носач на авион.
15. Јули – Канадскиот тим АероВело ја освојува наградата Сикорски за развој на хеликоптерти на човечки погон, со кој полетаа доволно долго време и доволно високо во воздухот да однесат победа. Натпреварот почнал пред 33 години.
16. Јули – НАСА роверот Кјуриозити го помина својот прв километар од кога слета на Марс во август 2012 година.
17. Јули – Британски истражувачи во медицината направија паметен хируршки нож способен да препознае и сече само канцерогено ткиво.
19. Јули – По трет пат во историјата Земјата е фотографирана од надворешниот дел од Сончевиот систем. Фотографијата на Земјата и Месечината ја направи НАСА на леталото Казини.
31. Јули – Новите податоци од ЛХЦ, темелени на мерења на Б месон, можат да понудат прв директен доказ за постоење на нова физика надвор од Стандардниот модел.

АВГУСТ
17. Август – Постигната е квантна телепортација. По пат на метод на квантно испреплетување префрлени се 10.000 кубити по секунда на специјално дизајниран чип.
29. Август – НАСА открива нов масивен кањон долг 750 километри и длабок на некои места и до 800 метри под гренландскиот мраз. Кањонот е подолг од американскиот Гранд кањон.

СЕПТЕМВРИ
11. Септември – Откриени огромни резерви на подземна вода на северниот дел на Кенија.
12. Септември – НАСА објавува и официјално дека Војаџер 1 го напуштил Сончевиот систем. Војаџер 1 во вселената се наоѓа од 1977 година.
18. Септември – Компанијата Орбитал Сајенс лансира летало Кингис, кое е дизајнирано за пренесување на резерви на Меѓународната вселенска станица.
23. Септември – Постигнат е светски рекорд во искористеноста на соларните келии и сега изнесува 44,7 отсто.
25. Септември – Произведен е нов вид на материја која потекнува од фотони, да се однесуваат како светлосни мачеви од Војна на ѕвездите.

ОКТОМВРИ
8. Октовмри – Нобел во физиката за теориски придонес во откритието на Хигсовиот бозон добиваат физичарот Пер Хигс и Франсоа Енглерт.
16. Октовмри – Руските власти од езерото Чебаркул вадат 654 килограми тежок фрагмент од метеро кој експлодираше над Чељабинск во февруари.
22. Октовмри – Астрономите откриваат јубилеен, илјадити познат егзопланет.
23. Октовмри – Астрономите ја откриваат до сега најоддалечената галаксија во вселената.

НОЕМВРИ
3. Ноември – Целосно затемнување на сонцето.
5. Ноември – Индија лансира сонда на Марс.
18. Ноември – НАСА го лансира леталото МАВЕН кон Марс.
21. Ноември – Опсерваторијата за неутрини АјсКјуб направи прво откритие на неутрини со многу висока енергија на Земјата и кои потекнуваат надвор од Сончевиот систем.
28. Ноември – Кометата ИСОН пролетува покрај Сонцето и делумно преживува блиска средба со нашата ѕвезда.

ДЕКЕМВРИ
2. Декември – Студијата на 1.000 скенирања на мозоци на мажи и жени открива неверојатни разлики меѓу половите и кога е во прашање мозокот.
3. Декември – Телескопот Хабл на НАСА наоѓа докази за постоење на вода во атмосферата на пет оддалечени егзопланети: HD 209458b, XO-1b, WASP-12b, WASP-17b i WASP-19b.
4. Декември – Најдена е најстара човечка ДНК, стара 400.000 години. ДНК-та е најдена во Шпанија и припаѓа на изумрен човечки вид Денисовци.
10. Декември – Измерена е рекордно ниска температура на Земјата од минус 94,7 степени Целзијусови на истокот на Антарктик.

Dnevnik.hr

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1