Галеријата на икони во Охрид, сместена во музејскиот комплекс на црквата Света Богородица Перивлепта, е најголемото културно богатство што Македонија го поседува.
На прстите од една рака можат да се набројат вака вредни колекции на икони во светот.Малкумина знаат дека охридската галерија се споредуваа дури и со најстарата колекцијата во манастирот Света Катерина на египетскиот полуостровот Синај ,потоа со иконите од Света Гора и оние од државната галерија “Павел Третјаков“ во Москва. Бројните туристи кои се потпираат на она што им го презентираат туристичките водичи,не знаат дека нашата галерија на икони иако е малубројна, по значење нималку не застанува зад другите, туку напротив можеби е и многу повредна по убавина, пишува Алфа.
Еминентните охридски историчари на уметност отворено кажуваат дека голем дел од туристичките водичи не ја познаваат добро историјата и ументоста на Охрид затоа апелираат да се направи селекција во нивното работење.
– Охрид да се заштити од незнаење,затоа што Охрид не го заслужува тоа,Охрид е преубав и пребогат.Јас сум сретнала водичи кои дават податоци кои не се адекватни за нашата историја и култура.-Изјава Данче Матова –Завод и музеј.
Охридските икони се изложувани во најпознатите музеи во Европа, Азија и Америка и притоа од безбедносни причини се осигуруваат-вели нашиот соговорник, Милчо Георгиевски кој 3 децении работи во охридската галерија.
-Ова е непроценливо богатство и нема некоја цифра која што може да ја изрази нивната вредност,тие се бесценети.За пример би ја посочил изложбата во Њујорк во Метроплитен во 2004 год каде што од галеријата беа изложени 4 икони и уште една од Музејот на Макеоднија во Скопје.Секоја од нив поединечно беше осигурана на по 10 милиони долари.-Изјава Милчо Георгиевски ( историчар на уметност).
Во дотогашната практика Њујоршкиот музеј поединечни предмети осигурувал на најмногу 5 милиони долари, но во случајот на нашите икони направи исклучок, ценејќи ја нивната вредност. Литиската икона пак со Богородица Психосострија на изложбата во Лондон во 2009-та година беше осигурена на 12 милиони евра, што е највисока сума на која досега била осигурана некоја наша икона воопшто.На изложба во холандскиот град Утрехт пред 4 години, 159 предмети од кои 52 икони и златната маска беа осигурани на 160 милиони евра.