Градоначалникот Јакимовски имал сообрќајка – Пијан возач му го пресекол патот


Вчера, околу 19.40 часот, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски имал сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Бугарија на влез во Крива Паланка, јавува Вечер.

Возејќи го своето возило „ренџ ровер” (производство 1996 година), не почитувајќи го правото на предимство, му го пресекло патот комбе марка „форд транзит” управувано од возач од Крива Паланка кој бил во алкохолизирана состојба. Возачот на фордот избегал од местото на несреќата но, по дојавата на очевидци, полицијата од Крива Паланка на еден километар од настанот го фатиле и го привеле.jakimovski1

Инаку, на учесниците во незгодата од страна на полиција која вршела увид на местото на сообраќајката направен им бил алко тест на кој, кај предизвикувачот се констатирани високи промили на алкохол, додека кај Јакимовски наодот бил негативен, односно измерени биле „0″ промили.

Инаку возачот на „форд транзитот” бил познат во Крива Паланка по возење во алкохолизирана состоба и во повеќе наврати му бил одземана возачката дозвола, бил казнуван од страна на полицијата, како и кривично гонет.

По завршениот увид градоначалникот Јакимовски го продолжил патот кон Скопје, а на неговото возило има незначителни оштетувања во предниот дел. Градоначалникот и неговиот сопатник минале без никакви телесни повреди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1