Наликува на Тоше, песни му прави Копров – Андреј Дориќ – поради Тоше ја засакав музиката, а и Македонија!


Андреј Дориќ е пејач од Нови Сад, има 18 години, и на прв поглед на лик доста потсетува на славниот наш пејач, македонскиот ангел. Тој Тоше никогаш не сум го запознал лично, и со тоа смета дека пропушти нешто многу големо во животот, но инспириран од Тоше почнал да пее. За Мк њуз открива работи за себе.

Од кога се занимаваш со музика?
-Со музика се занимавам од својата деветта година, а моментно го завршувам средното музичо училиште „ИсидорБаиќ“ во Нови Сад. Учам соло пеење, виолина и клавир. Досега има снимено само една песна, која ја направи Григор Копров. Со таа песна бев на фестивал во Врњачка Бања. Песната се вика „Остаче мој сан“.Копров ми прави песна за охридскиот фестивал, „Охрид фест 2012“.

Како дојде до оваа соработка?
-На идеја за соработка со господинот Григор Копров, дојдов јас, затоа што мене идол ми е Тоше Проески и ги знам сите негови песни. Решив да бидам упорен и да дојдам до господинот Копров, кој, како што веќе знаете за Тоше напиша многу песни. И така се роди идејата.

Што за тебе значи настап на „Охрид фест- Охридски трубадури“?
-Настапот на „Охрид Фест“ многу ми значи и имам чест да настапам пред се во така прекрасна земја и во преубавиот град Охрид, а една од моите големи желби е да учествувам на „Охрид Фест“, и така сум многу среќен поради тоа.

Сакаш да пееш во Македонија, па логично е да те прашам колку ја слушаш и познаваш македонската музика?
-Уште од мали нозе,јас, како и моето семејство слушам изворна македонска музика,а од неодамна слушам и помодерна- како што се Александар Белов, Влатко Лозановски, но секако Тоше ми е на прво место,кога е во прашање било каква музика.

Тоше! Како гледаш на тој лик и на тој феномен?
-Во моите очи Тоше беше едно скромно, паметно, хумано, убаво воспитано момче кое имаше преубав глас. И мислам дека самата помисла на него би требала кај секој човек да произведе асоцијација на нешто добро.Тој ми е ѕвезда водилка, мој идол и да не беше Тоше Проески, никогаш немаше да почнам да се занимавам со пеење. Моето семејство и јас го слушаме уште од првиот албум,и никогаш нема да престанеме.

Следен план, по фестивалот?
-Следниот план, по Охрид Фест, ми е да го завршам училиштето и да запишам Музичка Академија за соло пеење, секако се надевам дека ќе продолжам да соработувам со Григор Копров и дека ќе направиме уште многу добри песни.

Неостварени соништа секој човек има триста,а и повеќе од тоа. А, ти?
-Секој има нешто што неостварил и тежнее кон тоа да го оствари својот сон. Исто така и ја тежнеам кон тоа да станам популарен и еден ден сите луѓе кои ме сакаат и ги сакам се горди на мене, како и јас самиот.

Што е подобро- брза и скандалозна или спора и сигурна кариера?
-Според мене е подобра спора и стабилна кариера, зошто кога чекорите полека можете да се искажете себе си и да стекнете одредено искуство.

 Каде на одмор?
– На одмор не одам и не сакам да се одморам додека не ја остварам својата цел, сакам со свој труд и работа да ги покажам своите квалитети, не се обидувам да станам само подобар пејач, ами и себе си да се изградувам како личност. Навистина многу напори вложувам но ќе дојде ден кога ќе можам да одам на одмор, но за тоа сега не е време.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1