Македонците растурија на Демофест – “Дед шот” предизвикаа еуфорија, “Ден рајс” влегоа во финале


Битолскиот  бенд “Дед шот” со својот енергичен и самоуверен настап предизвика еуфорија, а скопјаните  “Ден рајс” со преубавиот вокал на 17 годишната пејачка се изборија да влезат во финале. Ова е резултатот од синоќешните настапи на двата македонски бенда на фестивалот Јелен Демофест 2012.

По петти пат во преубавиот град Бања Лука во Република Српска, на тврдината  Кастел, се одржува најспокојниот и најпозитивен фестивал во регионов, Демофест.

Три дена (од 26 до 28 јули) добар рок звук, насмеани лица и опуштени млади, беспрекрона организација, и никаков стрес, борба за престиж и местенки меѓу продукциски куќи  и медиумски екипи.

Се е така фино и спокојно, препуштено на музика и дружба.

Во двете полуфинални вечери се борат 31 бенд, а двата македонски бендови настапија во првата вечер.

“Дед шот”  свиреа втори, и навистина предизвика голема еуфорија кај публиката.

за “Ден Рајс” интересно е што сите  во групата имаат по 17 години, и пејачката Михаела Василевска, ученичка во “Орце Николов”,а само тапанарот им е полнолетен, со 18 години, и кога водителката Ида Престер шеговито ги праша како како ги пуштиле од дома, тие искоментираа тапанарот им е родител.

И двата бенда пред микрофонот на Ида зборуваа македонски.

Иако е традиција на  Демофест да врне и сите да се под кабаници, овој пат за среќа  времето послужи.

Победници во првата натпреварувачка вечер се  бендот “Деде Путра” , а за пејачката на скопски бенд “Ден Рајс” искоментираа дека нејзиниот чист, топол и моќен вокал далеку ги надминува нејзините години.

На овој фестивал има богата придружна програма, изложби, проекција на филмови, дружење преку цртање на стрипови,  прес конференции, а ревијално на сцена свое место имаат докажаните – британскиот диџеј Тери Ферли,  „Психомодо Поп“, „Мајке“, „Земља грува“, „Сопот“, „Плишани Малишан“, „ Дарквуд даб“со својата гостинка Бисера Велетанлиќ, и други.

 

Награда за победникот ќе биде снимање албум, за второпласираните и третопланираните добиваат бинска опрема  и инструменти. а ќе има и уште неколку други награди.

Од 26 до 28 јуни  тврдината Кастел ечи во ритамот на  Јелен Демофест 2012.

Стручно жири е составено од Васил Хаџиманов, Бане Антовиќ, Младен Матовиќ и Бранкица Јанковиќ. и Влатко Стефановски, кого медиумите го нарекуваат регионална легенда.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1