Намалени цени на 192 државни стана во Скопје, Охрид и Струмица


Владата ја намали цената на 192  државни становите изградени од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. По пониска цена ќе се продаваат становите во Скопје, Охрид и Струмица. Најмногу ќе поевтинат становите во Охрид, нивната цена ќе се намали за 100 евра по метар  квадратен.stedi za stan

Во Скопје ќе се продаваат 126 стана а нивната цена ќе се намали за 30 евра по метар квадратен, од 880 на 850 евра за метар квадратен, додека во Струмица цената на становите ќе се намали од 570 на 499 евра по метар квадратен. Новите цени се без пресметан ДДВ, а целта е да се вклопат во проектот Купи куќа Купи стан.

– Со оваа одлука немаме намера да го рушиме пазарот на недвижности, туку напротив сакаме да понудиме цени кои се подостапни за граѓаните заинтересирани да купат стан изграден од државата. Практично со оваа одлука сакаме да ги доближиме граѓаните до проектот на Владата „Купи куќа, купи стан“ преку кој според последните бројки досега се купени 470 станови, рече Јанакиески.

Поради зголемениот интерес за проектот Купи Куќа Купи стан во наредниот период во Скопје ќе се градат уште 292 стана, во три згради, од кои едната ќе се наоѓа во Центар а другите две во општина Карпош. Сите граѓани ќе можат да учествуваат во лицитацијата, како начин на продажба на становите.

– Како и досега ќе одиме со 10 до 15 проценти пониски цени од оние коишто ги нудат правните субјекти, рече Грозданов. . – Од изградбата на комерцијални  станови 10 проценти од профитот ќе бидат наменети за децата без родители, рече Грозданов.

Од остварениот профит со продажбата на овие станови државата ќе гради социјални станови, а 10 % одат за децата  без родители како проект на Владата.

Годинава 126 граѓани треба да добијат кров над глава со пуштање во употреба, на социјални станови во Прилеп, Демир Хисар и Ресен.

Лицитацијата за становите ќе започне наредната недела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1