Намалување за 50% на партиципацијата за студентите кои имаат просек повисок од 8,5


Втората, од седумте мерки за млади кои денеска ги најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е промена на студентски статус.studenti

„Преку овој проект на студентите кои се запишале со кофинансирање, ќе им се овозможи да им се намали партиципацијата, учеството за 50 посто, доколку го постигнат планираниот просек со што ќе заштедат половина од сумата за студирање. Имено, останувајќи доследни на реформите со кои се предвидуваат бројни стимулации и награди за најдобрите студенти, предвидуваме проект преку кој секој студент запишан на некои од државните универзитети“, рече Груевски.

Секој студент кој се запишал во квотата со кофинансирање, врз основа на што плаќал сума од 400 евра на годишно ниво, доколку по втора завршена студиска година на прв циклус на студии, практично по положувањето на сите дотогашни испити оствари просек над 8,5 по автоматизам да биде префрлен на државна квота и да плаќа за 50% понизок надомест во преостанатиот период на студирање, односно 200 евра на годишно ниво.

„Овие студенти ќе останат во државна квота се додека го одржуваат својот просечен успех над 8,5 просечна оценка. Така постигнатиот успех дополнително ќе го ефектуираат, а ќе се потикнат и сите останати студенти. Ова ќе биде значителен стимул за студентите кои ќе вложат труд и ќе бидат посветени на образовниот процес“, додаде Груевски.

Овој проект ќе биде реализиран од септември 2017-тата година, а ќе биде стимул за секој студент да научи повеќе, односно да има повеќе знаење и со тоа да заштеди повеќе свои средства или на своите родители.

„Да потсетам за време на претходните влади се плаќаа поголеми средства за партиципација. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја намали партиципацијата на факултетите која некаде достигнуваше дури до 1400 евра и сето тоа го намали на 200 евра односно на 400 евра за оние кои што се со кофинансирање“, односно партиципација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1