Претекува езерото „Младост“ кај Велес


Зголемен е водостојот на езерото „Младост“. Водата повторно се прелева преку браната. Дождови ја зголемија количината на вода во вештачката акумулација.ezero mladost veles

Нивото на водата е покачено и на северната страна на езерото. Таму се чини дека висината на водостојот е зголемена за близу еден метар.

Тоа најдобро се гледа на самиот езерски брег, кај куќичката под мотелот „На велешко“. Објектот е целосно поплавен од водата како и првиот дел од бетонската тераса што ресторанот ја користи во летниот период.

Количини од езерската вода се прелеваат и во паркот, под мотелот, иако таму има изграден ѕид што го одделува езерото од парковската површина, објави Дума.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1