Наместени се – заговор околу бомбашкиот напад во Бостон? Видео/Фото


Тамерлан Царнаев бил жив во моментот на апсењето без ниту една рана на телото, a на местото на експлозијата биле двајца припадници на приватна воена компанија, чии ранци се совпаѓаат со оние кои експлодирале.

Eksplozija-na-bostonskom-maratonu-630x420Истиот момент кога браќата Тамерлан и Џохар Царнаев се идентификувани како осомничени за бомбашкиот напад за време на маратонот во Бостон, се појавија и сомнежи во вистинитоста на обвиненијата произнесени од страна на државниот врв на САД.
Таткото, мајката и тетката на осомничените за тероризам тврдат дека нивните деца се во замка и дека не се виновни, а бројни познаници и пријатели на браќата Царнаев тврдат дека браќата биле американизирани и фини момчиња, кои никогаш не покажале ниту најмал знак дека се способни да сторат вакво нешто и кои никогаш не пројавувале знаци на заинтересираност за исламскиот радикализам.
Ова дополнително ја загреа приказната.И не само тоа-ги поттикнаа речиси сите теоретичари на заговор да започнат и сами да истражуваат што всушност се крие зад експлозиите за време на Бостонскиот маратон и да ја истражат официјалната верзија, според која двајцата Чеченци се осудени и пред судењето.Меѓутоа, се започна тој кобен петок. Поточно, се започна во понеделникот, денот кога двете експлозии одекнаа во близина на линијата која ја означува целта.
boston osomn 5Една анонимна личност, веднаш по нападот, претставувајќи се како член на една безбедносна комисија на американската Влада, тврдел дека штотуку примил налог да се започне кампањата на која работат два месеци и дека „сега се има смисла“.Одговорен за овој напад ќе биде момче во доцните тинејџерски години или раните дваесетти, а кого ќе речат дека е нестабилен. Во неговиот дом ќе биде пронајдено оружје и летоци, напишал тој тогаш.Осомничените нема да бидат пронајдени пред крајот на седмицата, а рацијата е закажана за во петок.
Ова е наместен случај. Повредените луѓе се вистински, но настанот е планиран-додал тој.Навистина, рацијата се случи во петокот, кога целиот Бостон беше блокиран, а неговите улици преплавени со ФБИ агенти, полиција и војска, која бараше еден човек, момче во доцните тинејџерски години (19). Неговиот брат во средните дваесетти (26) веќе бил мртов.
Кои се мистериозните луѓе со ранци?
Теоретичарите на заговор исто така го истакнуваат и присуството на работници од „Крафт интернешенел“, компанија која ја финансира ЦИА, а која се занимава со воено советување и услуги ширум светот.На сигурносните фотографии тие двајца носат ранци на грбот и ги држат рацете на ушите, што сугерира на можноста дека се во радио-комуникација со штабот. Се поставува прашањето какви инструкции добиваат.
Ranac-koji-je-nosio-osumnjiceni-ne-odgovara-onom-koji-je-eksplodirao1-1-630x550
Еден од двајцата носи на главата качкет со симболот кој го користи оваа компанија, но и припадници на американската единица фоки, што можеби не е чудно ако се знае дека компанијата е основана од страна на Крис Кајл, поранешен припадник на оваа најелитна специјална единица на американските вооружени сили. Секако, можат да бидат ангажирани и како обезбедување, што веројатно и така било.
YhiJ8yM
Меѓутоа, клучниот момент се обвиненијата на теоретичарите на заговор во врска со нив според кои експлодираниот ранец неверојатно личи на оној кој тие го носат на грб пред експлозијата.Исто така, ранците во кои била бомбата, истакнуваат тие, не се слични на оние кои ги носеле браќата Царнаев.
Tamerlan-Carnajev-predaje-se-sa-podignutim-rukama-630x354Тамерлан одел и немал никаква рана во моментот на апсењето
Во склад со тоа, оди и хипотезата дека Царнаев е плански ликвидиран за да не проговори. Имено, на првата снимка емитувана на една американска телевизија се гледа Тамерлан Царнаев како со крената рака лежи на земја.
Втората телевизиска снимка прикажува како Тамерлан е внесен во полициски автомобил.
На една од снимките може да се види сведочењето на очевидци, кои потврдуваат дека полицијата го уапсила Тамерлан жив.Повторуваме, немал никаква рана на себе и бил способен да оди.

Како што гледате, тој човек е жив и здрав! Како веднаш заврши мртов, со катастрофални рани? Фотографиите од мртовечницата се автентични, потврдено е и од полицијата, но не се знае кој е нивниот автор. Фотографијата на која Тамерлан боксува служи за да се докаже дека и на другите фотографии е тој.
2eFgkJS

Ниту апсењето на Џохар Царнаев не помина бе контроверзи

На една фотографија нема никакви рани, веќе на другата е со крваво лице. Постои фотографија на која тој оди. Ако е така, останува да се одговори на прашањето: „Како дошол во ситуација да не може да зборува туку да комуницира со полицијата и обвинителството по пишан пат“?

Hapsenje-Dzohara-Carnajeva-630x307

Ова наведува на заклучок дека постои силна можност Царнаеви да се замолчени за да не можат да се бранат.

Покрај тоа полицијата упорно одбива да одговори на прашањето дали осомничениот Џохар пукал на полицијата кога е пронајден. Шефот на полицијата Вотертаун, на директното прашање на новинар од Си-Ен-Ен во врска со тоа, рекол дека не знае.

Ако не пукал на нив, зошто е пукано врз него? Зошто не му се прочитани правата?

За работата да биде уште полоша, жената која е претставена како сведок кој бил на „само неколку блокови“ оддалеченост од местото на експлозијата на Бостонскиот маратон, Дона, всушност е мртвата директорка на училиштето „Сенди хук“ во Њутаун, каде минатиот декември се случи масакр.

Mrtva-direktorka-skole-u-Njutaunu-sada-svedok-bostonskog-masakra-630x630

Во меѓувреме, додека американската јавност се занимавала со Чеченците и истрагата, Конгресот го изгласа ЦИПСА, закон со кој е убиена слободата на интернет.

Извор: Телеграф.рс/ Денешен.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1