Наместо кај работниците парите за вработување завршуваат кај газдите


Жена од град во внатрешноста, постара од 50 години, била пресреќна кога за време на едно редовно месечно пријавување како технолоки вишок во Агенцијата за вработување, од таму и рекле дека може повторно да се вработи.

Вработувањето било преку програма на државата, која им понудила бенефиции на работодавците доколку на определен период вработат одредени категории лица.Користа од таквата програма била обострана – и работа за повозрасните кои поради годините ретко кој сака да ги вработи, и работодавците во ќар.

work boss3Според програмата, таа требало да работи една година. За тоа време, работодавецот имал обврска да и дава плата и придонеси. Друга обврска била – да не смее да ја отпушти во следните шест месеци, откако ќе помине периодот од договорот.

За тоа вработување, државата му давала на работодавецот (фирма која се бави со трговија), по 22.000 денари месечно. Тој на сметката на вработената и префрлал по 10.000 денари во еден месец. Придонеси, плаќал, на одредена сума.

„Проблемот е во тоа што дел од тие пари јас му враќав. На сметката легнуваа по 10.000 денари, но ме тераше половината да му ги враќам. Само што ќе префрлеше пари, истиот ден ме качуваше во кола и ме се носеше во банка. Ги вадев парите и 5.000 денари му ги враќав на рака. Ми се закануваше дека за тоа никој не смее да знае. Бев принудена да правам како што ми вели оти знам дека друга работа тешко се наоѓа”, вели жената.

Не била само таа. На истото – враќање на дел од парите – биле принудени уште неколкумина од истата фирма, за кои работавецот земал пари од државата.

Сличен е случајот и на Д.М. од Скопје. Се вработила во приватна фирма, исто преку програма на Агенцијата за вработување. За нејзиното работно место, газдата земал три илјади евра. Неколку месеци и давал по некој денар на рака. Потоа, ѝ рекол дека нема пари за неа, и покрај тоа што со договор бил обврзан да ја задржи на работа и да ѝ исплаќа плата.

Ова се само два случаи. Но, според искуствата на работниците со кои разговаравме, станува збор за широки злоупотреби на мерките за вработување од страна на работодавците. Нивна цел е да земат пари од државата, а не реално да вработат работници. Злоупотребата е во следново: или работодавците не им даваат цела плата на работниците, или не ги исплаќаат за сите месеци за кои потпишале договор, или ќе ги поминат парите преку трансакциска сметка за да изгледа дека се е во ред, а потоа ги уценуваат да им вратат дел од парите. Други пак, фиктивно вработуваат лица колку да ги земат средствата од државата, односно, од Агенцијата за вработување.

Злоупотребите невидливи за инспекторите

Кој контролира каде завршуваат државните пари за програмите за вработувања? Во Агенцијата за вработување постои сектор за внатрешна ревизија, во локалните центри за вработување има и комисии кои треба да следат дали овие пари се користат наменски. Сите тие заедно, во првата половина на 2013 година, не констатирале ниту една злоупотреба! Минатата година, пак, во Програмата за самовработување со неповратни средства, од вкупно 902 фирми кои се регистрирале, само две фирми се ликвидирале, што е спротивно на одредбите од Договорот. Против тие фирми се преземени определени санкции, е официјалниот одговор што го добивме од Агенцијата за вработување.

Проблемот е во тоа што работниците не ги пријавуваат злоупотребите поради страв да не останат без работа, а инспекторите ретко покажуваат интерес самоиницијативно да ги откријат злоупотребите од страна на работодавачите.

Повеќе на – Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1