Наместо матичен лекар, матична амбуланта


Здружението на приватни лекари во Македонија повторно бара пациентите да немаат матичен лекар, туку матична амбуланта. Тоа подразбира ако еден матичен лекар ја напушти работата или замине во пензија, тогаш пациентот и понатаму ќе биде регистриран во амбулантата. Лекарите велат дека со заминување на некој од матичните лекари, здравствените домови трпат финансиски штети бидејќи се бришат и сите негови регистрирани пациенти.

Министерството за здравство:

„Моментално се разгледуваат сите досегашни предлози од матичните лекари. Станува збор за многу предлози. Меѓу другото се разгледува и можноста лиценците за работа на матичниот лекар да не се водат на име на лекарот, туку на име на приватниот здравствен дом во кој лекарот работи.“

Оваа промена е десетгодишно барање на Здружението на приватни лекари. Процесот на враќање на сите запишани пациенти по престанувањето со работа на некој матичен лекар трае најмалку две години. Измените во оваа сфера се дел од владиниот план 2017-2020 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1