Наместо роденден – споменик: Денеска ќе наполнеше 34 години: За Јелена нема правда


Пејачката на Гранд Јелена Марјановиќ на денешен ден ќе наполнеше 34 години да не беше сурово убиена на 2. април годинава додека трчаше на насипот во Борча.

Нејзиниот сопруг денеска ќе го крене споменикот на кој ќе бидат врежани стихови од една песна.jelena-zbeg-620x350-73377

И нему и на мајката на Јелена единствена желба им е полицијата конечно да го уапси убиецот зошто поминаа пет месеци од свирепото убиство на Јелена.

-Што да ви кажам освен дека секој ден се молам да го уапсат монструмот што ми го уби детето. Само да го погледнам во очи и да го прашам: Зошто!? Да имам некоја моќ, јас сама ќе го најдев. Името на Јелена не смеам да го споменам додека ја чувам внуката Јана. Само наслушнува што зборувам… Леле, секој ден ја бара, а јас молчам…Тешко ми е, претешко – вели Зораица Крсмановиќ, мајка на убиената Јелена.

И таа онака тешко болна некако собира сили да се грижи за својата внука, единствена што и остана по смртта на Јелена.

-Сега е се во божји раце. Морам да верувам дека убиецот ќе отиде во затвор додека јас сум жива. Бев вчера во болница да примам инфузија и една сестра ми пријде и ми рече: „Запамтете ги моите зборови – му се заколна земјата на рајот сите тајни да се одадат!, додава Зорица.

Истата болка ја носи и сопругот на Јелна. Тој вчера отиде во црква на големиот празник за на својата покојна драга да и запали свеќа.

-Не е лесно да се жiвее со тоа што со месеци не знам кој ја убил Јелена, ниту поради што. Ете јас уште верувам дека ќе го видам апсењето на убиецот на Јелена. Ништо друго не ми остана освен да го растам детето што ми го роди Јелена. Ќерка ми ми стана смисла на животот, вели Зоран и додава дека на девојчето се уште не и кажал што се случило со нејзината мајка.

-Се посоветувавме со стручњаци и секако ќе и кажам, само подоцна кога ќе може да разбере. Се уште е малечка за да разбере. Јас сум тука за да и го направам живото поубав и колку што можам да ја заменам Јелена, вели Зоран.

Според неговите зборови, на споменикот ќе бидат врежани стиховте: „Таман смо, таман дисали исто..Била ми ја свака пора коже, ја је више не могу, сад је на теби да је загрлиш, боже..:“ Тие ќе бидат испишани на отворената книга исцртана на надгробната плоча.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1