Наместо споменик на Мајка Тереза во центарот на Скопје, започнатиот објект ќе заврши како фонтана


Наместо споменик на Мајка Тереза во центарот на Скопје, започнатиот објект ќе заврши како фонтана, ова денеска го најави Министерот за култура. Според Алаѓозовски, на овој начин ќе се намалел трошокот потребен за првично планираниот објект со скулптурална композиција.

– Во оваа фаза за нејзина изградба, практично многу малку пари ќе треба за доколку решиме да ја конзервираме во овој момент како еден огромен вертикален ѕид со бел мермер и конструкција на фонтана, вели Роберт Алаѓозовски, Министер за култура.

Планот за пренамена на објектот посветен на хуманистката Гонџа Бојаџиу, Алаѓозовски го откри денеска на презентацијата за буџетот на министерството за идната година. Вели дека со сумата од близу 70 милиони евра ќе се финансираат суштински проекти, а не се предвидени пари за Скопје 2014. Од култура велат дека засега нема да се отстрануваат поставените споменици во центарот на градот бидејќи за дел од нив, Алаѓозовски открива дека јавното и специјалното обвинителство отвориле постапки.

– Ни требаат некој од нив и како обезбедување материјале доказ. Доколку ги отстраниме секако постои ризик за тие постапки да го уништиме доказниот материјал, вели Алаѓозовски.

Инаку според планот на Министерството за култура, идната година најмногу пари ќе се потрошат за сервисирање на обврските за новата филхармонија и објектот на Албанскиот театар. Во исто време, со над 4 милиони евра ќе се реконструира и постојниот објект на Албанскиот тетар во Скопје. Од култура најавиа дека во 2018-та, предвидени се пари и за изградба на спомен обележје за Тоше Проески.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1