Наместо свадба, погреб: Лекарите со солзи ги пресадуваа неговите органи


Потполно здраво 25-годишно момче ненадејно доживеало мозочно крвавење и починало. Неговите органи спасија три животи.

Во Клиничкиот центар на Србија во Белград во саботата беа изведени три трансплантации: на црн дроб и на два бубрега. Сите три органи од ист донатор.operacija_lekari_420x0

Но овие трансплантации ќе останат запаметени не само по успешноста, туку и по приказната за момчето донатор. Во петокот во Ургентниот центар било примено момче поради мозочно крвавење.

Момчето имало 25 години, бил полетен, никогаш не боледувал. Но ненадејното крвавење било кобно за него. Лекарите само констатирале мозочна смрт.

–Сите плачевме над неговата судбина. И сестрите и лекарите. Особено кога дознавме дека бил пред женачка. Неговите најблиски беа во шок, но и покрај толкава тага, дозволија да ги земеме органите за да спасиме тројца пациенти, раскажува за Блиц д-р Наташа Петровиќ, од Ургентниот центар во Белград.

Црниот дроб го добила 30-годишната Р.М. од Лозница, која веќе 20 години се лекува од автоимуна болест.

Сите тројца пациенти кај кои е извршено пресадувањето се чувствуваат добро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1