Променливо време, температури од 8 до 30 степени


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево, а во текот на денот од запад насекаде ќе се прошири облачност.

Попладне ќе има повремен дожд во западните и северните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер.prolet drvo sonce

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 25 до 30 степени.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Од утре следуваат денови со претежно сончево време во претпладневните часови, а попладне повремено со услови за изолирана појава на локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе опаднат за два до три степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1