Наместо свадба погреб – Сопружници и нивната снаа – жртви во сообраќајката кај Гостивар


Сопружниците Ѓорге.С.(61) и Ратка.С.(56) и нивната снаа Александра.С.(28), од Кичево, се жртвите во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Гостивар – Стража во судар на две возила.

Загинатите биле патници во возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки кое го управувал нивниот син и сопруг на Александра, Н.С. од Кичево.soobrakajka-500

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила околу 19 часот на излезот од Гостивар, кај ресторан „Панорама“, помеѓу „опелот“ и „мерцедес“ со национална ознака на Црна Гора, управуван од В.Е.(1961) од село Раотинце, Тетовско.

На местото на несреќата загинале Ѓорге.С.(61), и Александра.С.(28), а Ратка.С.(56) починала на пат кон болница. Синот, возач бил пренесен во гостиварската болница каде му е укажана медицинска помош и е задржан на лекување.

Возачот на мерцедесот 55-годишниот В.Е. е македонски државјанин, по потекло од селото Раотинце, кој повремено престојувал во Црна Гора. Во несреќата тој добил полесни повреди и е задржан во полициска станица.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на ЈО, телата на починатите се предадени на обдукција.

За време на увидот од 19:20 до 21:20 часот сообраќајот на магистралата Гостивар – Кичево беше во прекин поради што настана застој со долги колони возила.

Ова е најтешка сообраќајна несреќа во Гостиварско годинава со најголем број жртви.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1