Заврши 43-тата Галичка свадба


Повеќе илјади посетители од Македонија и од странство имаа можност да проследат 30-ина оригинални свадбени обичаи кои започнаа од синоќа и продолжија денеска.

Годинава во центарот на вниманието беа зетот, 28-годишниот Александар Ристески, и четири години помладата невеста Сандра Станковиќ, двајцата од Скопје.galicka svadba

Манифестацијата Галичка свадба изобилува со многу карактеристични свадбарски обичаи и ритуали. Со овации и громогласен аплауз беше поздравена изведбата на „Тешкото“ – оро на печалбарите, кое го изведоа играорци.

Во двата дена, со звукот на тапани и зурли, беа преставени: канењето на сватовите, кумот, свекрвино оро, гледањето низ прстен, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот и редица други обичаи кои биле дел од свадбените веселби на мијаците во минатото.

Свадбарската веселба синоќа се чувствуваше на повеќе локации и траеше до утринските часови.galicka-svadba-21-520x346

Првато издание на Галичка свадба се одржало во 1963 година. Од 1990 година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од галичко семејство.

Во Галичник, една најголемите населби во мијачкиот крај, сега постојано живеат само двајца жители, но околу празникот Петровден доаѓаат илјадници посетители и туристи, а најбројни се токму за манифестацијата Галичка свадба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1