Шокантни податоци: Терористот од Ница за масакрот земал 100.000 евра


Неколку дена пред нападот во Ница, во кој загинаа 84 лица и над 200 се повредени, Мохамед Лахоуа Булел (31) на членовите на семејството во Тунис им пратил 100.000 евра.

Овој податок го открил неговиот брат Јабер, а се претпоставува дека терористот овој износ го добил од Исламската држава за нападот.ulica-vo-nica-520x273

-Мохамед досега ни праќаше често само мали суми, како и поголемиот дел Тунижани кои работат во странство. Но, сега испрати 240.000 туниски долари што е вистинско богатство. Не кажа од каде му се толку пари, изјавил братот на Мохамед.

Француското обвинителство соопшти дека поранешната сопруга на Мохамед е задржана во притвор, а според извори од истрагата уапсени се лица од најблиското опкружување на напаѓачот.

По извршениот детален увид, полицијата ги отстрани сите докази и телата на убиените, а улицата е отворена за граѓаните. Според официјалните податоци убиени се 10 деца, додека 54 се тешко повредени. Се верува дека бројот на жртви може да порасне бидејќи 25 лица се на апарати.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1