Наместо вино им послужиле детергент – позната кафеана ќе плати оштета од 5000 евра


Две девојки и едно момче ќе добијат околу 5.000 евра (300.000 денари) оштета откако локална кафеана во Копривница, Хрватска наместо пијалак добиле детергент за машинско перење садови. Според информациите кои ги објавија локалните медиуми станува збор за позната и фреквентна кафеана, а грешката според пресудата на судот се должи на расеаноста на келнерката.detergent-640x398

Настанот се случил во 2013 година, а пресудата на локалниот суд стигнала 2,5 години подоцна.

Девојките на возраст од 18 и 19 години и 23 годишното момче претрпеле сериозни повреди. Им било изгорено грлото од детергентот на база на натриум хидроскид и имале сериозни изгореници на желудникот. Докторите во локалната болница морале комплетно да им го исперат желудникот.

Тие нарачале популарен локален пијалок во кој се меша бело вино со кока кола и најверојатно затоа и не забележале што ставаат во уста. Кога се напиле, веќе било доцна.

Сопственикот на кафеаната се согласил да им ги ја исплати оштетата и да ги надомести судските трошоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1