Милан Субошиќ (17), млад фудбалер од Болеч, се удавил кога со автомобилот во кој бил со својата најдобра другарка Милица Л. (17) слетал во Дунав. Девојката успеала да се спаси, но несреќниот Милан потонал сo автомобилот „поло“ пред да успеат да го извлечат луѓето што се затекнале на кејот.
Според зборовите на другарките на Милица, таа сакала да го испроба автомобилот, но наместо во рикверц, ставила во прва брзина.
-Милица оди на часови за возење, но автомобилот кој го вози има поинаков распоред на брзини од „полото“ – рекла нејзината другарка.
Таа додава дека Милан и Милица, десет години се најдобри другари и дека поради стресот сега е под лекарства.
-Ми раскажа дека таа успеала да излезе од автомобилот кога водата и била до половината, но повеќе не можела повторно да ја отвори вратата за да излезе Милан. Се обидувала да ја отвори, но не успеала, а не можел ниту Милан од внатрешната страна и затоа тргнал кон гепекот зошто тој дел бил надвор од водата. Таа, кутрата повторно влегла во вода, но на сила ја извадиле – рекла другарката на несреќната девојка.
Ужасната трагедија се случила завчера околу 22.40 часот во Винча, кај брод-ресторанот „Србија“.
23-годишниот Марко од Винча, кој од ледниот Дунав ја извлекол Милица, раскажал како се случила ова.
-Бев во автомобил со девојката и одеднаш ги видов фаровите на автомобилот како слетуваат во реката. Излегов надвор, имаше тука уште луѓе, ама никој ништо не правеше. Ја слушнав девојката како довикува помош. Таа беше надвор од автомобилот кој полека тонеше – раскажала Марко кој веднаш скокнал во водата.
Кога и пришол на девојката, ја фатил за рака и ја повлекол кој брегот.
-Викаше: Другар ми е внатре, помогнете ми, ве молам, да излезе! Се вратив и го видов момчето на задното седиште. Автомобилот веќе до половина беше потонат од предната страна. Се качив за да ја отворам вратата од багажникот, но од сајлата од бродот која се закачила за брисачите неможев. За тоа време, момчето внатре викаше, молеше да му помогнеме. Беше преплашен! Никако не успеав да ја откачам сајлата и тогаш стигнаа некои луѓе со чамци. Ми рекоа да се тргнам од автомобилот и тие пробаа со весло да го скршат стаклото од багажникот, но автомобилот потона – раскажува потресеното момче.
Според неговите зборови, после тоа на момчето во автомобилот му немало спас зошто Дунав на тоа место е длабок колу 5 метри.
-Девојката не престануваше да плаче и да го довикува другарот. Се тресеше од стрес и постојано повторуваше: Го убив другарот, и јас ќе се убијам. Беше многу ужасно. И мене сега не ми излегува од глава сликата од момчето како вика од автомобилот и моли да му помогнеме. Цела ноќ немам спиено…Ни јас не можам да си простам себеси што не направив нешто повеќе за да го извлечам од возилото – раскажал Марко со расплакани очи.
Како што дознаваме, против Милица Л. ќе биде поднесена кривична пријава заради тешко дело против безбедноста во сообраќајот.
Милан и Милица пред несреќата биле во кафуле, сакајќи да го прослават почетокот на распустот. Потоа отишле на Дунав. Само половина час пред трагедијата, Милица на Инстаграм закачила нивна заедничка слика со порака: Најјак пријател, навалете девојчиња.
Имал пробна дозвола, го возел автомобилот на сестрата.
Настраданиот Младен имал положено возачки испит и возел со пробна дозвола. Според непотврдените информации, автомобилот во кој се удавил припаѓал на неговата сестра. Инаку, Милан активно играл фудбал. Прво настапувал за ФК Болеч, а потоа и за Црвена Звезда од Мали Мокри Луг. Одел во Средното економско училиште во Белград.