Ладилникот е универзално место за чување на храната било да е таа готвена или спремна за готвење или пак е зимница. Со ставањето во ладилник ние сме безгрижни, односно знаеме дека неможе да се расипе подолг период. Сепак постојат одредени намирници кои не смееме да ги ставаме во ладилник од разни причини а ние издвоивме неколку, еве кои се тие:
Компир
Компирот никогаш и во никаква форма немојте да го ставате во ладилник. Ладилникот негативно влијае на составот на компирот и трајно ќе му го промени вкусот. Компирот е најдобро да го чувате во некој вид на хартиени или плетени врќички на темно место, во остава или магацин. Немојте да го чувате ниту во најлонски кеси бидејќи тие ќе ја задржат влагата и ќе му наштетат на составот на компирот.
Лук
Лукот е растение кои бара собна темперетура и светло. Чувањето во ладилник лесно ќе го расипе бидејќи недостасува светлина и темперетурата е ниска. Лукот е најдобро да го чувате во мрежеста вреќичка онака како што се продава. Немојте да го чувате во близина на компирот, бидејќи поради влагата и гасовите кои тој ги испушта лукот многу брзо ќе започне да се распаѓа.
Кромид
Слично на лукот, не сака ладно, него треба да го чувате во темна просторија на собна темперетура. Така тој ќе остане свеж и три месеци после бербата.
Кафе
Кафето никогаш и никаде не ставајте го во ладилник без разлика дали е мелено или е во зрно. Ладилникот ќе направи кондензација и вкусот на кафето за кратко ќе биде уништен. Чувајте го на темно и суво место, најдобро вакумирано.
Тиквички
Тиквичките кои сте ги купиле или одгледале за во зима секогаш чувајте ги на суво и темно место. Ладилникот никако не е избор бидејќи на суво и темно место истите многу повеќе ќе останат свежи и сочни.