Напаѓачите извршиле координирани удари на 6 локации во Виена – се сомнева дека има уште загинати


Според последните информации, терористите извршиле координирани напади на шест локации во Виена.

Досега полицијата потврди дека се убиени две лица, иако се сомнева дека има уште жртви.

„За време на вечерашниот напад во Виена, еден минувач беше убиен, како и еден напаѓач, а има и неколку повредени“, изјави вечерва полицискиот портпарол Харалд Серес.

Серес рече дека полицијата успеала да убие еден осомничен за вооружениот напад во центарот на Виена, а во близина на него е пронајдена „долга цевка“.

Што се однесува до идентитетот на убиениот, тој рече дека истрагата е во тек и дека не може да каже ништо за тоа, ниту за позадината на нападот, кој започна околу 20 часот.

Тој рече дека имало шест места каде се случило пукање во близина на улицата каде што се наоѓа синагогата во Виена.

Здружението на виенски болници објави дека во болниците се донесени 15 повредени лица, од кои седуммина се тешко повредени, а Серес не сакаше да ја потврди оваа информација, но рече дека има многу повредени и тешко повредени, меѓу кои и еден полицаец.

Тој посочи дека акцијата на полицијата е сè уште во тек и апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите куќи, а до оние што се во угостителски објект да не го напуштаат тоа до ново известување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1