Напаѓачот во Виена бил симпатизер на ИД


– Синоќешниот напад во Виена беше „исламистички терор“ и однесе три животи, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер на прес-конференција одржана рано утрово.

Нехамер рече дека полицијата пронашла јасни докази оти напаѓачот кој беше застрелан непосредно по почетокот на нападот „е радикализирана личност и симпатизер на Исламска држава“.

Министерот рече дека полицијата била во можност брзо да го идентификува мртвиот напаѓач и открила докази при претрес на неговиот стан и видеа испратени од сведоци.

Официјални лица одбија да го откријат идентитетот на осомничениот бидејќи сè уште траат истраги, а полицијата не ја исклучи можноста други напаѓачи да се сè уште во бегство. Полицијата ги повика луѓето да продолжат да на излегуваат од дома.

Нехманер рече дека Австрија нема да толерира таков напад врз демократските слободи на земјата.

– Нема да дозволиме нашите слободи и основни права да бидат украдени со такви напади, подвлече тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1