Почна тестирањето со брзи тестови, но од следната недела ќе се спроведува само во болниците


За 7 саати 49 граѓани направиле проверка за Ковид со брзите тестови во Поликлиниката Ѓорче Петров. 7 лица биле позитивни на вирусот. Нивните материјали како и на дел од негативните примероци ќе бидат испратени на споредба со ПЦР метода во ИЈЗ.

-Се тестирав зошто сопругот е позитивен и среќа добив негативен резултат, изјави скопјанка, друга додаде дека имала симптоми и дошла да си направи проверка.

Термините кои се закажуваа преку телефон пополнети се до крајот на неделата. Пред пунктот имаше и други заинтересирани кои не успеале да закажат, но поради високата цена на ПЦР тестовите дошле да видат дали може да направат тест за 1000 денари.

-Нема шанса за термин, ако ме викнат сега ги молам. Не ми е за операција, имам случај во семејството и не сакам внучето да го чувам без тест. А пет сме дома по 4000 денари што е тоа. Нека се запраша некој колку ни се примањата, изјави револтирана скопјанка.

За брзите тестови реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Замислете, министерот Филипче најавува дека донацијата со брзи тестови за корона вирусот граѓаните ќе треба да ја плаќаат од свој џеб! Бесплатните донирани тестови, граѓаните, на сета мака која ја имаат, ќе треба да ги плаќаат од свој џеб! Овие тестови, но и други кои државата мора да ги обезбеди час поскоро, треба да бидат бесплатни за народот, изјави Дафина Стојановска, ВМРО ДПМНЕ

Од Здравствен дом Скопје велат дека ги наплаќале по 1000 денари зошто овие 4000 брзи тестови ги набавиле на тендер и платиле за нив. Тестирање ќе вршеле само до петок, а останатите 3800 ќе ги врателе на фирмата. Сите кои денеска дале пари можеле да си ги побараат назад.

Во меѓувреме од Mинистерството за здравство појаснија дека брзите тестови нема да бидат распределени во пунктовите, туку во болниците каде се примаат суспектни пациенти за да се утврди за 15 минути дали се позитивни на Ковид-19.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1