На 01.10.2014 година во 11.00 часот во Велес на ул.„АСНОМ“ , во просториите на Здружение на возачи – Автобезбедност, З.Р.(59) од Велес незадоволен од работењето на полицискиот службеник почнал да вика на висок тон и да се расправа, а откако истата се легитимирала со службена легитимација и му наредила па престане со викањето, истиот продолжил да и упатува навреди и псовки, по што ја нападнал на начин што преку шалтерот со рака ја удрил по левата рака, ја фатил и ја потегнал, а истата се удрила со главата во стаклото од шалтерот.
Од нападот полицискиот службеник се збодила со повреда – црвенило на левата рака и главата во пределот на челото. По цеосно документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело ”напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.