Нападнат автобусот во кој биле кошаркарите на МЗТ


Во 22 часот и 50 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Васко Карангелевски“ од страна на непознати лица било скршено едно стакло од автобус „Неоплан“ со скопски регистерски таблици, во кој се превезувале кошаркари на Кошаркарскиот клуб „МЗТ“-Скопје.

Полицијата информира дека тие се враќале од натпревар од Гостивар.

Нема повредени лица, причинета е само материјална штета.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1