Нападнат Роберто Беличанец


Група активисти на една политичка партија го нападнала Роберто Беличанец, додека се обидувал да го оствари своето гласачко право во Центар, кај училиштето Блаже Коневски, пренесе А1он.

roberto_belicanecНападнат бил и репортер на Фокус, кој се обидел да го сними инцидентот. Беличанец за ова сакал да ја извести јавноста, па повикал и медиуми. Беличанец сакал да документира како партиски активисти надвор од училишниот двор ги прашуваат граѓаните кои излегувале од дворот на училиштето дали гласале и за кого.

– Наеднаш кон нас се затрча поголема група луѓе, ни се закануваа дека ќе настрадаме, ни го тресеа возилото, бараа да ги избришеме фотографиите. Лудило. Иако немав намера ништо да направам со снимката и со фотографиите, после сето ова, јавно ќе ги објавам, а ќе побарам од МОСТ да дојде екипа и да го проверат случајот, вели Беличанец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1