Нападната Николина Пишек: Жена ја пцуела и ја влечела за коса


Хрватската водителка Николина Пишек, сега Ристовиќ (43) се шетала по паркот Ташмајдан во Белград со својата ќеркичка во количката, дадијарката и своето куче Артур. Одеднаш покрај нив се појавило големо куче, кое Николина се обидела да го тргне, а дошло и друго куче кое скокнало врз количката во која била ќерката на водителката, пишува српски „Курир“.nikolina pisek 3

– Додека мојата дадијарка ја буткаше количката со ќерка ми Уна Софија, јас го шетав Артур. Кога се појавија тие големи кучиња, сопственичката не направи ништо да ги запре, иако едното скокаше по детската количка. Морав да реагирам. Почнавме да се караме, но бидејќи немаше фајде, се свртев и заминав – го прераскажува Николина драматичниот ден.

Меѓутоа, тука не е крајот, сопственичката на кучето тргнала по нив и ја зграпчила водителката.

– Почна да ме влече за косата и да ме пцуе. Секако дека и одговорив, нема да им премолчам на такви некултурни личности. Врескаше на цел глас дека ме препознала, дека знае која сум, додека јас шокирана и во страв бегав од паркот. Се исплашив за себе, за бебето и за кучето, а полицајци или комунален инспектор немаше во близина – рекла водителката.

Николинa живее во Белград откако се омажи за историчарот на уметност Видое Ристовиќ (41). Во септември ќе ја прослават втората годишнина од бракот, а пред шест месеци ја добија ќерката Уна Софија. Николина има и постара ќерка Хана (17), која живее во Загреб, каде што се школува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1